Во Грција откриени се првите четири случаи на новиот вид коронавирус кај лица што неодамна допатувале од Велика Британија.
Официјално лице, кое сакало да остане анонимно, изјавило дека тие се во карантин, пренесува „Ројтерс“.
Се смета дека новата мутација на корнавирусот, која е откриена во Велика Британија, а која се проширила во светот, е многу позаразна од досегашните.
Грција влезе во поостар рестриктивен режим во борбата против коронавирусот, кој ќе биде во сила до 10 јануари. Мерките вклучуваат полициски час од 21 до 5 часот, забрана за нарачки преку интернет во малопродажните места и затворање на продавниците, како што се фризерници и салони за убавина.
Извор/b92.net