Нов тест може точно да ја предвиди депресијата според протеин во мозокот

Нов тест може точно да ја предвиди депресијата според протеин во мозокот

пред 3 години

Депресијата се карактеризира со мноштво видливи симптоми, но научниците со години се обидуваат да ги разберат нејзините основни механизми. Досега истражувачите откриле дека кога го има помалку специфичниот протеин наречен невротрофичен фактор во мозокот (BDNF), пациентите доживуваат потешка депресија.

Тестот, развиен од истражувачи во Австралија и во Кина, е првиот што успешно го изолира, веќе обележаниот протеин, за поврзаност со депресија. Тестот, или комплетот за анализа, е во можност да го разликува овок зрел протеин од две други форми. Користејќи го тестот, истражувачите се во можност да ја потврдат врската на mBDNF со депресијата, истовремено спречувајќи да се меша со другите форми.

Со овој комплет за анализа, мерењето на нивото на овој протеин може да помогне да се дијагностицираат депресијата и биполарното растројство.

„Ова може да биде објективен биомаркер покрај клиничката процена од лекар“, вели еден од авторите на студијата, д-р Син-Фу Зоу, професор на Универзитетот во Јужна Австралија.

Истовремено, зголеменото производство на BDNF е поврзано со вежбањето, што наведува многу експерти да препорачаат физичка активност како начин да се отстранат симптомите на депресија.

Едно истражување од 2019 година препорачува физички вежби при лекување на постари лица со депресија.

  

  • Некои луѓе се посклони кон депресија од други

Имајќи ги предвид овие фактори, наодот на mBDNF треба да се сфати повеќе како дијагностичка алатка, вели Вервел Чарлс Реисон, истражувач и професор по човечки развој и семејни студии на Универзитетот во Висконсин-Медисон.

„Првиот проблем е решен, затоа што досега немаше биомаркер што би го идентификувал секој случај на депресија и би покажал колкаво е нејзиното ниво“, вели Реисон.

Истражувањето е соработка помеѓу Универзитетот во Аделаида и Медицинскиот универзитет „Кунминг“ и беше објавено во списанието за психијатриски истражувања месецов.
Иако тоа е важно за научното разбирање за тоа како функционира депресијата, важно е различните искуства за неа, што не спаѓаат во оваа категорија да не бидат поништени.

  

Тој апелира во истражувањето да се користат биомаркери во контекст на третманот.

„Ако тие покажеа дека депресивните луѓе со низок mBDNF имаат поинаков одговор на третманот, тогаш би сакале да го измериме затоа што тоа ќе ни покаже што да правиме, сега во светот во кој живееме. Има потреба од
индивидуализираниве предвидувачки биомаркери, но потребата е за работи што ќе ни дадат одговор на третманот, а не дијагноза“, вели Реисон.

Истражувачите наведуваат дека нивните неодамнешни откритија се првиот чекор во низата истражувања што следуваат, а кои сакаат да анализираат како влијаат на proBDNF и mBDNF протеините преку електроконвулзивна терапија. Овие истражувања може да имаат вистински импликации, особено за третина од клиничките депресивни пациенти кои не реагираат на други терапии, како антидепресивите.

 

Share
Scroll to Top