Нора Шаќири-Марковиќ: Моето разрешување е незаконско

пред 2 години

Откако Нора Шаќири-Марковиќ беше сменета од функцијата в.д. директор на Театар Комедија, таа вели дека нејзиното разрешување е незаконско. Нора откри дека е разрешена по анонимна пријава за мобинг, која против неа ја поднел еден од еден од вработените во Театарот.

За него, Нора пред некое време почнала дисциплинска постапка. Поранешната в.д директорка вели дека до неа не стигнал никаков записник за мобинг од Државна комисија за спречување корупцијата, па по тој основ решението за нејзино разрешување е неосновано.

„Почитувани другари, имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена. Никој не е роден директор, не сум ни јас, но, не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист. Јас бев спремна и Театар Комедија се издигна над сите црни облаци кои го надвасаа. Ќе бидам кратка и јасна: Како директор поведов дисциплинска постапка за вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати. По анонимна пријава за мобинг пратена до заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, министерот Љупчо Николовски, во театарот дојде вонреден инспекциски надзор, односно Државниот инспекторат за труд кој донесе записник во кој се наведува дека инспекторот на труд не може да донесе инспекциска мерка врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган” вели Нора. Нора вели дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато ни кај неа ни во театарот, и дека во институцијата не е стигната никаква пријава дека таа вршела мобинг врз некој вработен. “Она што е моја гордост е тоа дека работев согласно законот, дека ја имам безресервната поддршка од сите мои колеги, се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот. Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас. Горда сум на се до сега направено, горда сум на тоа дека конечно во Театарот се врати комуникацијата, разбирањето и почитта меѓу вработените. Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение. Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме Тетар Комедија во полн сјај. Во театар комедија се ширеше љубов, а не омраза Ви благодарам и на останатите за поддршката“, напиша Нора.

За потсетување, по нејзиното разрешување, на местото в.д директор Министерството за култура ја назначи глумицата Магдалена Ризов – Черних. Вработените во театарот, по оваа одлука, побараа на местото на Нора да дојде драматургот Дарко Спасов и најавија бунт ако не се исполнат нивнитр барања.

(Видео) Вработените од Театар „Комедија“ најавија бунт по одлуката за разрешување на Нора: Не се согласуваме Магдалена Ризова да биде директор – Reporter.mk

Share
Scroll to Top