Обожавател продава ќесичка со воздух од концерт на Били Ајлиш за 10.000 долари

Обожавател продава ќесичка со воздух од концерт на Били Ајлиш за 10.000 долари

пред 3 години

Обожавател на Били Ајлиш преку сајтот „Каросел“ пробал да продаде воздух што го собрал во ќесичка на концертот на пејачката во Сингапур, за повеќе од 10.000 долари.

dobivaj vesti na viber

Анонимниот обожавател го објавил огласот на сингапурски веб-сајт за купување и продавање нова и користена роба и ја опишал ќесичката со воздух како „многу раритетен предмет“ и ја проценил нејзината вредност на 15.000 сингапурски долари (10.670 долари). Тој ветил дека предметот ќе биде поставен во херметички затворена тегла за да се спречи истекување на содржината во текот на доставата.

„Стоев во првиот ред и успеав да го земам нејзиниот воздух додека врескаше со полни гради на концертот. Оние кои го пропуштија концертот мора да го купат ова. Многу посебен воздух“, стои во огласот.

Били е моментално на светска турнеја која ќе трае шест месеци.

Share
Scroll to Top