Објавена порно снимка на босански политичар: Ме уценуваа за пола милион, психички не можев да издржам

пред 3 години

Иван Бегиќ, советник на Партијата за демократски напредок (ПСП) во Собранието на Бања Лука, се повлекува од политиката. Причината е видеото со порнографска содржин од вчера почнало да се шири на социјалните мрежи во Босна и Херцеговина.

Станува збор за снимка која не ја објавила ниту еден медиум во Босна и Херцеговина, но е испратена до многу новинари и јавни личности. Видеото кружи во приватни групи на Viber, Messenger и други апликации, а доказ е дека сајбер-малтретирањето се користи и за политички цели, пишува Klix.ba.

Бегиќ решил се` да објави, свесен дека снимката наскоро би можела да биде објавена на интернет.

„По повеќемесечни уцени, психичко малтретирање и закани, денеска беше објавено моето приватно видео кое преку партиските бази на нашите противници се испраќа до граѓаните и се шири на социјалните мрежи. Поради истото видео од мене се бараа половина милион конвертибилни марки (250.000 евра). „Ситуацијата наеднаш се влоши. Поради сето ова денеска повторно одам на психијатар и не се чувствувам добро“, рече Бегиќ.

Тој вели дека за валканата игра на политичките противници говори и тоа што видеото им било испратено на неговите родители на кои здравствената состојба им била сериозно нарушена.

„Иако верувам дека секој има право на приватност, свесен сум за одговорноста што ја имам како јавна личност, поради што се повлекувам од политиката, го предавам мандатот и ја напуштам ПДП“, рече тој.

Покрај компромитирачката снимка на Бегиќ, видеото содржело и дел кој сака да инсинуира дека другото лице во видеото (чие лице не се гледа) е градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, но Бегиќ тоа го негира.

„Силно демантирам дека видеото има некаква врска со моите соработници или некој од јавниот живот“, рече Бегиќ.

Share
Scroll to Top