Познатиот холивудски глумец, Овен Вилсон, одбива да ја запознае неговата ќерка Лија, рече неговата поранешна девојка Ворни Вонгсвиратес. Таа објасни дека не ги сака неговите пари и дека сè што сака е нејзината ќерка да порасне со татко.
Нивната врска траела пет години, а во 2018 се разделиле. Истата година Вилсон направил тест, кој потврдил дека тој е татко на малата Лија. Глумецот пред судот рокол дека не сака да ја види ќерка му и да биде нејзин старател.
„За жал, тој никогаш не ја запозна Лили. Помага финансиски, но, тоа за мене не е клучното. Не ми требаат пари. Сакам само мојата ќерка да го запознае својот татко“, рече Ворни за „Дејли Мејл“.
Таа објасни дека ѝ е жал за ќерка ѝ, а иронично и е тоа што Вилсон често добива улоги на грижлив татко.

„На Лила ѝ е потребен татко. Иронично е тоа што Овен постојано во филмовите добива улоги на татко. Тој и во неговиот најнов филм глуми родител кој го запознава своето дете“, рече таа.
Ворни рече дека Вилсон немал проблем да се дружи со неговите два сина Роберт и Фин, кои глумецот ги добил со неговите поранешни девојка Џејд Дуел и Керолин Лондквист.

Тој често зборува за нив во јавноста, што не е случај со Лили. Во шоуто на Елен де Џенерис, Овен гордо зборувал за неговите синови и како помладиот се угледувал на постариот.

„Неверојатно е кога Роберт ќе каже нешто. Тоа е најсмешната работа на светот, а кога јас ќе се обидам да кажам некоја шега, ми прават лице. Веќе ги гледам како тинејџери се здружуваат против мене“, рече Овен во шоуто на Елен.






