Огромен астероид ќе помине денес покрај Земјата

Огромен астероид ќе помине денес покрај Земјата

пред 2 години

Огромен астероид ќе помине денес меѓу Земјата и Месечината, феномен кој е безопасен за населението и се случува еднаш во десет години, пренесе агенцијата „Франс прес“ од извори блиски до Европската вселенска агенција.

Според проценките, астероидот „2023 DZ2“ е со пречник меѓу 40 и 70 метри, што е доволно да уништи еден цел град, ако ја погоди Земјата. Астероидот ќе биде најблиску до Земјата во 19:49 часот по средноевропско време, помалку од третина оддалеченост која ја дели Земјата од Месечината.

Извори блиски до ESA објснија дека нема никаква причина за загриженост и додадоа дека астероидот првпат го забележале на 27 февруари. Ќе биде на 175.000 километри оддалечен од Земјата и ќе патува со брзина од 28.000 километри на час.

Малите астероиди поминаат над нашите глави секој ден, но минувањето на вака голем астероид, толку блиску до Земјата, се случува на секои 10 години, објаснија од ESA.

Меѓународната мрежа за предупредување на астероидо одлучи да ја искористи блискоста и да го анализира астероидот со помош на низа инструменти како што се спектрометри и радари.

Според пресметките на астрономите, астероидот ќе мине покрај Земјата во 2026 година, но на огромна оддалеченост.

 

Share
Scroll to Top