Огњен Врањеш прозборе за секс-скандалот со Карлеуша: Очајна е

Огњен Врањеш прозборе за секс-скандалот со Карлеуша: Очајна е

пред 3 години

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, скоро две години по секс-скандалот со Јелена Карлеуша, првпат прозборе за аферата со пејачката. Тој во емисијата „Сцениерање“ на телевизијата Курир.рс, рече дека таа е „мизерна и очајна“. Огњен одговараше и на прашања од гледачите кои ги интересираше врската со Карлеуша, а го прашаа и дали повторно би имал нешто со неа.

„Не, иако не можам да кажам дека не беше убаво. Сега не ја обвинувам за ништо, затоа што тогаш сакаше да си го спаси газот. Не можам да бидам виновен што мажот ѝ ги најде пораките. Таа се допишуваше со мене, но не требаше да ме клевети, да кажува дека сум ваков или таков, туку да го реши тоа со своето семејство,“ одговори фудбалерот.

„Што би и кажал денес да ја видиш на суд и зошто ја повлече тужбата против неа?“ гласеше друго прашање.

„Ништо, само би поминал покрај неа затоа што е мизерна и очајна. Животот ѝ е мизерен, не би сакал уште да ѝ правам маки. Таа е навикната да им се заканува на сите, не знам како ја трпат. Не знам кого сè не навредувала и зошто никој не ѝ се спротивставил. Јас на сите ќе им се спротивставам кога сум во право, не можеш да ме навредуваш и да ми го мешаш семејството. Денес мислам дека седум пати полошо би изреагирал“, додал Огњен.

Фудбалерот раскажал и дека со Карлеуша се запознал на социјални мрежи и дека луѓето заради социјалните мрежи прават секакви глупости. Вели и дека откога се дознало за аферата, веќе не се во контакт.

„Ја почитувам, но работев повеќе од неа. Поминав низ сè. Малку ме навредува кога луѓето велат дека таа е некој и нешто, а дека јас сум никој и ништо. Јас сум некој, а мене таа ми е смешна. Еден телефонски повик можеше да стави крај на сето тоа. Можеше да каже како стојат работите, а не да напаѓа за да се одбрани“, рекол тој.

Share
Scroll to Top