Одбојкарот Александар Љафтов и неговата сопруга Ана добија син, а му го дадоа името Алексеј. Ана се породи во болница во Италија, бидејќи Александар од лани игра за италијанскиот клуб „Равена“. Репрезентативецот објави и прва слика од синот со хаштаг „толку се можеше“.
Ана и Александар во текот на летото објавија дека ќе станат родители. Тогаш направија и забава по теркот на американските журки за да го откријат полот на бебето.
Ова е прво дете на одбојкарот и неговата сопруга, кои се во брак од 2019 година.