Од ковид-19 почина младиот македонски музичар Гоце Талевски

пред 4 години

Музичарот Гоце Талевски од Битола, почина од коронавирус. Веста ја објавија неговите колеги од музичката група „Оскар“.

„Жална вест. Денес нè напушти нашиот брат, еден од основачите на групата „Оскар“ од Битола. Не сакаме да веруваме и не можеме да го прифатиме ова што ни е припуштено како болка. Почивај во мир единствен Гоце Талевски“, напишаа тие.

Поради неговата сериозна здравствена состојба и настанатите компликации од вирусот, тој мораше да биде пренесен во приватна болница, а на социјалните мрежи се собираа донации за да се покријат трошоците за лекување.

Share
Scroll to Top