Љуран Ахмети (46) меѓународно реномиран актер, ја изгуби борбата со корона вирусот. Љуран беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии. Ахмети со години беше дел од Народниот театар во Скопје.
Од 1998 година, тој играше во европскиот филм „Куклена претстава“ како и едни од главните улоги во сериите “Kurtlar Vadisi – Pusu”, “Mutlu Ol Yeter”, “Guzel Gunler”, “Son Yaz Balkanlar”, “Bahar Dallari”, “Limonata”.
Љуран Ахмети е син на познат писател и публицист Џабир Ахмети, а зад себе остави ќерка, сопруга, сестра и родители.