Британската глумица Џоан Колинс (87) пред 17 години се омажи петти пат. Вели, дури со петтиот сопруг доживеала вистинска љубов каква што има на филмовите. Популарната Алексис од серијата „Династија“ не крие дека во младоста била несреќна во љувовта. Зад себе има четири пропадната брака и тешка животна приказна.
Нејзин прв сопруг бил актерот Максвел Рид. Со него се омажи на 19 години откако тој сексуално ја нападнал. „Во педесеттите години морав да се омажам за човекот со кој спиев, иако тоа не беше по моја желба, туку беше присилно“, рекла Колинс.
По разводот, запознала луѓе што сакале да ја продадат на шеик. Но, Џоан вели дека успеала да избега од него.
Со нејзиниот втор сопруг, Ентони Њули, ги добила ќерката Тара и синот Александар Саша. Се развеле поради меѓусебно неверство.
Неколку години потоа се омажила за Рон Кас, кој бил зависник од наркотици. Бракот завршил кога нивната ќерка Катјана имала сериозна сообраќајна несреќа. Кас потрошил и голем дел од богатството на Џоан, најмногу за да купува дрога и да исплаќа долгови.
Ни бракот со четвртиот сопруг не ѝ бил посреќен. Од Питер Холм се развела кога го фатила во кревет со друга жена.
И покрај сето ова, Џоан не престанала да верува во љубовта. Таа веќе 17 години е во брак со 33 години помладиот театарски менаџер Пирси Гибсон. Вели, конечно, знае како е да си сакан и вистински да сакаш.
Популарната актерка неодамна најави дека ќе се повлече од глумата, но дека може да се премисли ако добие понуда за интересна улога. Нејзината последна улога е во серијата „Кралско семејство“, каде што ја глумеше мајаката на Елизабет Харли.