„Од музика нема леб“, Панчо од ДНК стана кравар

„Од музика нема леб“, Панчо од ДНК стана кравар

пред 3 години

Панчо од ДНК објави дека станал кравар. Тој сподели фотографии од Водно, додека храни крава. Пејачот се пожали дека од музика нема леб во време на пандемијава.

„Од музика последниве 10. месеци нема леб, па решив да си станам кравар. Искрено со тек на времето сфаќаш дека животните може да ти бидат многу подобри и поискрени пријатели од многу луѓе кои ти поминале низ животот. На крај бар сигурно е дека ќе ти останат лојални до последниот здив. А Водно мое, преубаво и вакво калливо“, напиша Панчо од ДНК.

Пејачот не се срами од работа. Неодамна тој се вработи и во еден скопски ресторан како пица мајсотор и голем дел од пријателите и колегите му дадоа поддршка.

Пејачот објасни дека во време на пандемијата музичарите се едни од најпогодените и дека на некои од нив успеал да им помогне и да им даде парична помош.

 

Share
Scroll to Top