Оливер Стоун ја прими руската вакцина против корона

пред 3 години

Американскиот режисер Оливер Стоун ја прими руската вакцина против корона и кажа дека не разбира зошто на запад ја игнорираат.

„Ја примив вакцината пред неколку дена. Уште не знам колку руската вакцина е ефикасна, но слушнав многу позитивни реакции за неа“, рече Стоун, за рускиот „Прв канал“.

Министерството за здравство на Русија ја регистрира вакцината во август како превенција од Ковид-19. Вакцината ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамелај“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Share
Scroll to Top