Оскаровката Ема Стоун е новата Круела де Вил

Оскаровката Ема Стоун е новата Круела де Вил

пред 4 години

Оскаровката Ема Стоун ја глуми Круела де Вил во истоимениот филм. Од продукцијата на „Волт Дизни“ го објавија првиот трејлер, а Стоун ќе ја игра улогата на култниот негативец.

Заплетот на филмот ќе биде подреден на животот од нејзината младост.

Она што може да се забележи на самиот трејлер и во описот на филмот е дека „Дизни“ има тенденција да го насочи фокусот на дејството на филмот кон главните негативци, што е многу популарна идеја во филмската индустрија во последно време.

Многу филмски критичари истакнаа дека Дизни се стреми кон успехот на филмот „Џокер“ со овој филм, во кој заплетот е подреден на главниот негативец од серијата филмови за Бетмен.

Покрај Стоун, во новата продукција на „Дизни“ ќе играат и Ема Томпсон, Џоел Фрај, Пол Волтер Хаузер, Марк Стронг и Емили Бичам.

Според најавите, филмот „Круела“ треба да се појави во кината на 28 мај.

Share
Scroll to Top