Откажан музичкиот фестивал “Охрид фест 2021“

Откажан музичкиот фестивал “Охрид фест 2021“

пред 3 години

Годинашното издание на фестивалот „Охрид фест 2021“ ќе се снима и тоа без присуство на публика, а ќе се емитува после деновите на жалост. Вака одлучи организаторот, по одлуката на Владата да прогласи тридневна жалост, по трагедијата која настана во модуларната болница во Тетово.

Од таму велат дека фестивалот, чие одржување беше закажано за 10-ти односно 11-ти овој месец, не може целосно да се откаже, бидејќи се работи за настан на кој е предвидено учество на музички имиња од поширокиот регион, кои се веќе пристигнати во Охрид.

„Сочувствуваме со болката на семејствата на жртвите во несреќата во Тетово. Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост“, рекоа од Советот на Охрид Фест.

Share
Scroll to Top