Толку убави спомени на овој ден пред 5 години. Благодарна сум за секој ден поминат со тебе Бастијан. 5 совршени години. Да ги направиме 500 повеќе -вака му напиша српската тенисерката Ана Ивановиќ на Инстаграм на својот сопруг со фотографија од венчавката . Ана и Бастијан ја живеат нивната љубовна бајка и ги имаат синовите Лука и Леон.
Интересна е љубовната приказна на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. Откако се појави во светот на спортот, тенисерката ги освои сите со својата убавина, талент и однесување. Ја посакуваа многу мажи, но првиот состанок со германскиот фудбалер не помина многу лесно.
Ана раскажала како изгледала нивната средба, по филмот, кој беше прикажан во чест на Бастијан кога ја заврши фудбалската кариера.
„Не, благодарам, јас сум среќно заљубен“, ѝ рекол Германецот, кој беше во среќна седумгодишна врска со манекенката од Минхен, Сара Бранднер. И сите очекуваа дека тие ќе се венчат, но раскинаа во 2014 година. Причината беше откриена подоцна – Бастијан лудо се вљубил во Ана.
Како всушност се запознале, Ана и Бастијан, за германски „Билд“ откри тренерот на кошаркарскиот клуб Баерн, Светислав Пешиќ.
„Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во емотивна врска, ги запозна ќерка ми Ивана (која инаку е во брак со германскиот кошаркар Јан Јаглу.) Нека се сакаат и држат за рака“, вели Пешиќ.
Љубовниот живот на Ана го обележаа неколку врски: со тенисерот Марко Стилитано, голферот Адам Скот и славниот шпански тенисер Фернандо Вердаско. Сепак, таа посака само со Бастијан да се заколне на вечна љубов.
Тајната свршувачка беше проследена со венчавка од бајките во Венеција на 12 јули 2016 година, а свадбената церемонија ја следеа над двесте медиуми од целиот свет.