Откако се откажа од круната принцезата Мако волонтира во музејот „Метрополитен“ во Њујорк

Откако се откажа од круната принцезата Мако волонтира во музејот „Метрополитен“ во Њујорк

пред 2 години

Мако Комуро, некогашната принцеза на Јапонија, откако се откажа од кралската круна, волонтира во музејот „Метрополитен“ во Њујорк. „Јапан тајмс“ објави дека Мако им помага на кустосите во музејот и дека не ја плаќаат за нејзината работа. Според нив, поранешната јапонска принцеза работи на изложба на слики на уметникот од Окинава, Јамада Шинзан, инспириран од животот на Ипен (1239-1289), монах кој патувал низ Јапонија за време на периодот Камакура.

Мако дипломирала уметност и културно наследство на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, студирала историја на уметност на Универзитетот во Единбург, а магистрирала на уметнички музејски и галериски студии на Универзитетот во Лестер. Додека сè уште беше дел од кралско семејство, таа работеше и во музејот на Универзитетот во Токио.

Поранешен куратор на Мет изјави за „Пипл“: „Таа е квалификувана за претстојната колекција. Општо земено, тоа е работа што бара голема подготовка и често значи поминување многу време во библиотеката“.

Мако не е единствената од кралските семејства што се занимава со кариера во светот на уметноста – британската принцеза Јуџин е вонреден директор во уметничка галерија во Лондон.

Работата на Мако наводно е неплатена, но може да се претвори во полно работно време. Кога го напушти кралското семејство, за да се омажи за Кеи Комуро, Мако се откажа од мираз од околу 1,4 милиони долари, што ја прави првата жена член на царското семејство по Втората светска војна која се откажала од оваа исплата кога се омажила за обичен човек.

 

Share
Scroll to Top