Шпанскиот фудбалер Жерар Пике и официјално потврди дека е во врска со Клара Чиа Марти и објави нивна заедничка слика на неговиот инстаграм-профил.
Пике и колумбиската пејачка Шакира ставија крај на долгогодишната врска откако фудбалерот ја изневери со неговата сегашна девојка. Тие двајца беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.
Веста за нивното разделување ја споделија во јуни годинава, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.
„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.
Неодамна повторно стана актуелно едно старо интервју на Пике од 2021 година, снимено во семејниот дом на фудбалерот и пејачката, а во позадината може да се види Марти.
Изневерувањето се случувало во нивниот семеен дом во Барселона, каде што познатата двојка живееше со двете деца.
„Шакира беше скршена кога сфати дека таа жена се чувствувала ‘како дома’ во куќата која таа и Пике ја делеа со нивните деца“, вели извор близок до пејачката за „Пејџ сикс“.
За да го повреди Шакира сними песна во која отворено ги искритикува прељубниците.
„Ме остави како сосетка на свекрвата, со новинари пред вратата и со долгови во трезорот. Мислеше дека ме повреди, но јас се вратив посилна. Жените веќе не плачат, жените наплаќаат. Вредам како две 22-годишни. Смени Ферари за Твинго, смени Ролекс за Касио“, се дел од стиховите во новата песна на Шакира.