Отровна риба е забележана во водите на јужниот дел од Јадранското море, на италијанската и албанска страна. Отровот од рибата наречена паун, се наоѓа во нејзините грбни перки, а само еден убод може да биде толку болен, што во ретки случаи може да дојде и до сериозни последици.
Неопходно е оние кои ќе бидат боцнати, да посетат лекар, пишува хрватскиот портал „Морски“ и додава дека и рибарите мораат да се запознаат со овој вид риба и да бидат многу внимателни.

Уредникот на „Фејсбук“ страната „Подводни.хр“, Перо Угарковиќ, предупреди дека појавата на овие риби во хрватскиот дел на Јадранот, може да се очекува веќе оваа година и дека се работи за инвазивен вид, но дека не може со сигурност да се процени како ќе влијае на екосистемот.
Исто така не е сигрно дали Јадранското море ќе одговара за овој вид на риба, како трајно живеалиште, со оглед на тоа дека станува збор за тропска риба.
Според неговото мислење, оваа риба не е штетна за другите видови до таа мерка, како што претпоставуваат некои од експертите.
Извор/Курир.рс
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Елмас со другарите на кров од автобус ја прослави победата против Јувентус
Инцидент на изборот за песна на Евровизија во Србија: тимот на еден од учесниците исфрлен од бекстејџот
(Видео) Елмас му даде гол на Јувентус, па седна на терен да игра карти со ДиЛоренцo
Бебе стана хит на интернет поради сличноста со Вуди Харелсон: Би сакал да ја имам твојата коса, вели глумецот
(Видео) Не сакав син ми да го пратам на хемотерапија затоа што знам каква е таа болка, рече комичарот Ник Канон за смртта на неговото петмесечно бебе
Маска за бојосана коса: ѝ го враќа сјајот и ја спречува бојата да избледи
