Палачинки со боровинки - Reporter.mk

Палачинки со боровинки – Reporter.mk

пред 4 години

Незаменлив додаток на оваа варијанта на палачинки е шумската кралица – боровинката, која покрај тоа што освојува со вкусот, богата е и со здрави антиоксиданти. Свежа нота за овој десерт му дава сокот од портокал, кој е богат со витамин Ц.

Состојки:

  • 100 гр замрзнати боровинки
  • 135 гр спелтино брашно
  • 1,5 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 1 замена за јајца (1 лажичка мелен лен + 3 лажички вода или 1 лажичка семе од чиа + 1/3 чаша вода)
  • 90 мл бадемово или овесно млеко
  • 1,5 лажици маслиново масло
  • 1,5 лажици мед
  • 30 мл свеж сок од портокал
  • ванила екстракт

Подготовка:

Во боровинките измешајте лажица брашно, па ставете ги во фрижидер. Во еден сад измешајте ги сувите состојки. Во друг сад измешајте ги течните состојки, замената за јајца, млеко, мед, сок од портокал, масло и екстракт од ванила. Потоа додадете ги сувите состојки во течните.

Печете ги палачинките на среден оган додека не поруменат од секоја страна. Послужете ги со мед, парчиња свеж портокал и боровинки.

 

Share
Scroll to Top