Памела Андерсон се омажи за својот телохранител

Памела Андерсон се омажи за својот телохранител

пред 3 години

Поранешната Плејбој зајачица и глумица, Памела Андерсон (53), пред повеќе од еден месец се омажила за својот телохранител, Ден Хејхурст, пишува „Дејли меил“. Памела и Ден се венчале на католички Бадник (24 декември), а церемонијата се одржала во нејзиниот дом во Ванкувер, Канада. На венчавката не присуствувале ни семејствата ни пријатели на двојката.

Памела и нејзиниот телохранител ја почнале врската пред скоро една година, во локдаунот со пандемијата со короната. Ден во тоа време, освен што ѝ бил телохранител, ѝ помагал да ја реновира куќата.

„Една година со Ден ми делува како да се седум. Сега сум токму таму каде што треба, во прегратките на мажот што ме сака. Се венчавме на имотот што го купив пред 25 години од моите баба и дедо, местото каде што се венчаа и моите родители. А тие се сè уште заедно“, рекла Памела.

Ден ѝ бил телохранител на Памела две години. Тие почнале да се гледаат седум месеци откако таа се разведе од својот претходен маж, продуцентот Џон Петерс, со кого беше во брак само 12 дена. Памела беше мажена и за тапанарот Томи Ли, пејачот Кид Рок и прдуцентот Рок Соломон. Ова ѝ е петти брак.

Share
Scroll to Top