Папата тајно излегол од Ватикан за да посети музичка продавница

Папата тајно излегол од Ватикан за да посети музичка продавница

пред 3 години

Папата Фрањо тајно излегол од Ватикан за да оди кај негови пријатели кои во Рим држат музичка продавница. Оттаму се вратил со цеде. Иако оваа посета требала да остане приватна, таму се нашол новинарот Хавиер Мартинес-Брокал, па го снимил папата со својот телефон и снимката заврши на Твитер.

Фрањо останал во продавницата „СтереоСаунд“ која се наоѓа во близина на Пантеон околу 10 минути. Подоцна се јави и портпаролот на Ватикан кој рече дека Фрањо отишол да ја благослови продавницата, била реновирана.

На снимката објавена на Твитер се гледа како папата ја напушта продавницата, а потоа влегува во бел „фиат 500“ со ватикански таблички.

Сопствениците на продавницата му рекле на Мартинес-Брокал со папата станале пријатели уштее од времет кога тој беше кардинал Хорхе Марио Бергољо. Секогаш кога доаѓал службено во Рим,  ј ја посетувал и продавницата и купувал албуми со класична музика. Тие кажаа дека сега му подариле цеде со класична музика. Не е тајна дека папата е фан на Бетовен, Моцарт и Бах, но дека слуша и танго музика.

Share
Scroll to Top