Папата Франциск во бела зимска јакна стана хит: диктира мода со помош на вештачка интелигенција

Папата Франциск во бела зимска јакна стана хит: диктира мода со помош на вештачка интелигенција

пред 2 години

Фотографија на папата Франциск облечен во голема, бела зимска јакна стана хит на социјалните мрежи. 86-годишниот папа има многу модерен стил на облекување ќе кажеа модните критичари доколку фотографијата беше вистинска.

Фотографијата со модерната бела јакна на папата направена е со помош на алатката за вештачка интелигенција Midjourney.

Исто така минатата недела се појавија фотографии од апсење на Доналд Трамп, кои исто така беа создадени со помош на вештачка интелигенција.

Пабло Ксавиер, 31-годишен градежен работник од областа Чикаго, кој одбил да го каже своето презиме поради страв дека ќе биде нападнат поради создавањето на фотографиите, признал дека идејата ја добил откако конзумирал печурки.

„Се обидувам да создадам смешни фотографии, малку психоделични работи. Ги зедов печурките и потоа ми се појави, папата Фрањо во јакна од Баленсијага шета по улиците на Рим“, изјави Пабло.

Пабло почнал да се занимава со уметност со вештачка интелигенција откако неговиот брат починал минатиот ноември и тој се обидувал да најде утеха.

Тој објави фотографии од папата во Фејсбук групата AI Art Universe и на Reddit. Бил шокиран откако брзо се прошила на социјалните мрежи, вели дека не го очекувал тоа.

Пабло вели дека пораснал во религиозно семејство, но дека повеќе не е верник. Тој истакнува дека не сакал да се исмева со папата, само сакал да направи смешна фотографија.

„Мислев дека би било многу смешно да го видам Папата во таква јакна“, вели Пабло.

Многумина мислеа дека тоа се вистински фотографии и почнаа да го критикуваат претераното трошење пари на Ватикан, а Пабло вели дека луѓето треба добро да размислат за работите што ги гледаат на Интернет и како вештачката интелигенција треба да биде законски регулирана.

Share
Scroll to Top