Парис Хилтон одлучи да врати на бројните тролови и хејтери кои на објавените фотографии на Инстаграм го коментираа изгледот на нејзиниот син Феникс.
Нечувствителните коментари за главата на бебето се појавија минатиот викенд откако таа сподели неколку фотографии со синот.
Троловите тврдеа дека Феникс, кој сега има 9 месеци, има медицинска состојба наречена макроцефалија, поради која некои бебиња имаат поголеми глави од нормалните бебиња.
Суровите коментари наидоа на остр осуда од нејзините фанови, но големиот број тролови ја натераа Парис и самата да проговори.
„Има болни луѓе на овој свет. Мојот ангел е сосема здрав. И да, секако дека бил на лекар, едноставно има голем мозок,“ напиша таа на социјалните мрежи.
Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка. Ова е прво дете на Парис, додека нејзиниот сопруг веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Белизи.