Парче од свадбената торта на Дијана и Чарлс се продаде за 2.000 евра

Парче од свадбената торта на Дијана и Чарлс се продаде за 2.000 евра

пред 3 години

Во средата на британска аукција се продаде парче торта од венчавката на принцот Чарлс и лејди Дијана Спенсер од 1981 по цена од 1.850 фунти со предупредување да не се јаде, пренесуваат странските медуми.

Парчето тора старо четири децении, чија почетна цена беше од 300 до 500 фунтти, го купи Џери Лејтон за три пати поголема цена.

Лејтон, кој се опишал себеси како монархист, рекол дека ќе ја додаде тортата во неговата колекција, која, како што изјави, ќе биде продадена во добротворни цели по неговата смрт.

Големото парче шлаг и марципан содржи прелив од шеќер од кралскиот грб во златна, црвена, сина и во сребрена боја.

На венчавката Моја Смит ја послужила тортата, која работела за кралското семејство. Таа ја заштитила со специјална тенка обвивка.

„Бевме изненадени од бројот на луѓе кои беа заинтересирани за ова големо и уникатно парче кралска торта“, рече аукционерот Крис Албери и специјалист за кралски спомени на аукциската куќа Dominic Winter Auctioneers во Сиренчестер, западна Англија.

„Имаше многу заинтересирани понудувачи, главно од Обединетото Кралство, САД и неколку земји од Блискиот Исток“, наведе Албери.

За постетување, на почетокот на месецот беше објавено дека ќе се продаде парче од сведбената торта на Дијана и Чарс, една од 23-те официјални свадбени торти.

(Фото) Се продава парче од свадбената торта на Дијана и Чарлс

Share
Scroll to Top