Пет нуклеарни подморници кои можат да го уништат светот за 30 минути

Пет нуклеарни подморници кои можат да го уништат светот за 30 минути

пред 2 години

Американскиот магазин „Национал интерес“ направи листа на пет смртоносни подморници на нуклеарен погон за кои се смета дека би можеле да го уништат светот за 30 минути и за кои се тврди дека се најсмртоносното оружје кое човештвото некогаш го создало.

Подморницата „Охајо класа“

Американската подморница „Охајо класа“, која е вооружена со 24 балистички ракети „Тридент 2“, се најде на првото место на листата „Национал интерес“.

Секоја „Тридент 2“ ракета може да носи 12 термоуклеарни глави W88 од 475 килотони, што говори за боевата моќ на подморницата „Охајо класа“.

Магазинот тврди дека една таква подморница може да уништи 28 цели со големина на град и да ги претвори во прав и пепел за помалку од 30 минути.

Во моментов девет подморница „Охајо класа„ се распоредени во Тихиот Океан, а уште пет во мисии во Атлантикот.

Подморница „Колумбија класа“

Оваа подморница би требало да ги замени „Охајо класата“ поради нивниот постар дизајн, е наведено во „Национал интерес“, додавајќи дека новите подморници се нешто поголеми од оние на „Охајо класата“, но дека можат да носат 16 „Тридент 2“ ракети.

„Повеќето нови подморници се опремени со нов реактор и мотор со постојан магнет кој е екстремно тивок, но е и огромен“, е наведено во магазинот.

Првата таква подморница која се смета за „унапреден дериват“ е „Вирџинија класата“ и се очекува да се почне да се употребува во 2031 година.

Руската подморница „Проект 955“

Руската подморница „Проект 955“,  Бореј класата со балистички ракети се најде на третото место на оваа листа. Подморницата е опремена со 16РСМ – 56 Булав балистички ракети, со дострел до 8000 километри.

Нуклеарните боеви ракети се специјално дизајнирани да избегнат непријателски противракетни системи, пренесува „Национал интерес“ и објаснува дека подморницата „Бореј класата“ е најтивка руска подморница со боеви глави која е изградена до ден денес.

Подморницата „Делфин класа“

На листата се најде уште една руска подморница опремена со балистички ракети – Проект 557 BDRM,  „Делфин класа“ (Делта 4).

„Сегашната руска флота е вооружена со 16 балистички ракети со течно гориво R-29RMU Синев, кои можат да бидат испалени во која било насока со постојан курс во кружен сектор“, наведува магазинот.

Магазинот потсетува дека оваа подморница е способна да испали проектили во длабочина од 55 метри, додека плови со брзина од шест до седум чвора.

Подморницата „Јасен класа“

Последната на листата е руската подморница Проект 885М, „Јасен класата“, подморница опремена со нуклеарни глави.

„Национал интерес“ ја опиша оваа подморница како „заканувачка за територијата на САД, наведувајќи дека иако Јесен не е подморница која носи балистички нуклеарни ракети, таа има 32 нуклеарни/конвенционални 3М-14К Калибар ракетни крстачи со домет поголем од 2500 километри.

„Таа е брза и исклучително тивка подморница и може лесно да се приближи на 2000 километри до американскиот Источен Брег од каде би можела да ги погоди целите сè до Големите Езера“, заклучува „Национал интерес“.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top