Пет работи што не ги знаете за Македонија

Пет работи што не ги знаете за Македонија

пред 2 години

Историчарите велат дека постојат неколку работи за Македонија што најверојатно ги знаат само мал број луѓе.

dobivaj vesti na viber

1. Се верува дека во црквите Св. Богородица Пречиста во Кочани, Св. Јован Богорски и Св. Горгија Победоносец во Дебар се чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.

2. Вардар тече низ речиси 90 отсто од територијата на Македонија, а минува низ речиси сите поголеми градови во земјава. Најголемата река во Македонија се споменува дури и во „Илијадата” на Хомер.

3. Македонија е една од земјите со најмногу високи планински врвови во светот. Врвовите на дури 34 не се пониски од 2.000 метри надморска висина. Највисока планина во Македонија е Кораб, чиј врв достигнува 2.753 метри.

4. Скопје преживеа неколку големи земјотреси. Најголемите се случиле во 518 и 1963 година кога е уништен речиси целиот град. А, во 18 век австро-унгарски генерал наредил градот да се запали. Пожарот траел два дена и неуништени останале само градбите од камен, меѓу кои и тврдината Кале.

5. Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоки во Европа. Најдлабоката точка е 288 метри, а се проценува дека е старо околу четири милиони години. Дури 200 ендемски видови живеат во него.

Share
Scroll to Top