Пет филма годинава ќе водат трка за Оскар

Пет филма годинава ќе водат трка за Оскар

пред 3 години

Вселенската бајка „Дина“, тинејџерската хроника од 70-те Licorice Pizza и новата верзија на мјузиклот „Приказната од западот“ во режија на Стивен Спилберг годинава се главните фаворити за Оскар.

Покрај овие три, во трка се уште два филма, „Белфаст“ и The Power of the Dog кои исто така заработија неколку номинации.

Свеченото доделување на Оскар оваа година ќе се одржи нешто подоцна откако церемонијата беше одложена за 27 март, а Академијата за филмски уметности и науки номинациите ќе ги објави на 8 февруари.

Експертите сметаат дека Американската асоцијација на режисери е многу сигурен показател за Оскарите, бидејќи победниците од нивниот избор во последните 18 години во 16 наврати ја освоиле златната статуетка.

Годинешните кандидати за наградата на Американското здружение на режисери се Кенет Брана за „Белфаст“, ​​Џејн Кемпион за „Кучешки шепи“, Денис Вилнев за „Дина“, Пол Томас Андерсон за Licorice Pizza и Стивен Спилберг за „Приказна од западната страна“.

Истите пет филма беа номинирани во четвртокот за наградата на Здружението на продуценти. Оваа награда е се доделува уште од 1990 година и оттогаш само еден оскаровец за најдобар филм остана без номинација во тој избор. Тоа беше „Храбро срце“, кој го освои Оскарот во 1996 година.

Од филмовите кои често се спомнуваа претходно како потенцијални добитници на Оскар, на листата на номинирани ги нема „Магбет“ во режија на Џоел Коен и „Династија Гучи“ (Куќата на Гучи) во режија на Ридли Скот.

„Дина“, Licorice Pizza и „Приказна од западната страна“ ќе се натпреваруваат за наградите на Здружението на сценаристи, додека „Белфаст“ и „Кучешки шепи“ не беа номинирани.

Share
Scroll to Top