Омилениот појадок на кралот Чарлс Трети е составен од спанаќ, сирење и јајце. Станува збор за едноставен рецепт кој беше објавен од страна на кралското семејство на социјалните мрежи.
За подготовка на ова јадење потребни ви се следниве намирници: 100 гр спанаќ, прелијте го со топла вода да „омекне“, 1 свеж чери домат, може и сушен, 35 g полумеко сирење, тоа се најчесто британски брендови, како што се Tunworth или Golden Cenarth, 1 јајце, 80 мл слатка павлака, 15гр рендано тврдо сирење/пармезан кралот консумира Old Winchester, свежи листови босилек и малку путер.
Начин на подготовка: Мал сад за рерна премачкајте го со путер, а на дното ставете листови спанаќ кои претходно сте ги омекнале со топла вода, оставајќи мала дупка во средината на садот. Доматот исечкајте го на четвртинки и наредете го врз спанаќот. Скршете го помекото сирење над спанаќот, помеѓу четвртините домат. Додадете ги искинатите листови босилек и зачините со сол и бибер.
Скршете го јајцето и ставете го во дупката во средината. Со кремот прелијте го спанаќот, внимавајќи да не се прелее јајцето. Посипете со рендан пармезан и ставете во рерна на 180 степени 8-10 минути. Извадете го и оставете го малку да одмори пред да го послужите.