Потребни состојки:
250 г пилешко филе
100 г праз
100 г сечкани кикиритки
1 лажичка сечкано чили
100 мл масло
2 лажички густин
50 мл соја сос
2 чешниња лук
1 лажичка ѓумбир
100 мл вода
50 мл бело вино
1 лажичка зачинал
Начин на подготовка:
Измијте го пилешкото месо, исечкајте го на коцки и наросете со 1 лажичка густин. Исечкајте го и измијте го, а потоа исечкајте лук. Во тава пропржете ги кикиритките, извадете ги и ставете ги во чинија. Во истата тава печете пилешко околу 10 минути, извадете го и ставете го на чинија. Во истата тава пропржете ги празот и чилито. Вратете ги месото и кикиритките во тава и промешајте со праз. Разматете малку вода со преостанатата количина со густин, додајте лук, соја сос, ѓумбир, вино и зачини. Со ова прелијте го пилешкото и уште малку варете. Послужете го пилешкото со варен ориз.