Пилешко со зеленчук и рузмарин

Пилешко со зеленчук и рузмарин

пред 4 години

Потребни состојки:

700 гр пилешки гради
2 гранчиња рузмарин
1 чешне лук
2 пиперки
1 страк праз
1 зелена тиквичка
сок од еден портокал
маслиново масло
сол, бибер

Начин на подготовка:

Исечете го месото на коцки, додадете сол и бибер по вкус и малку масло. Одвојте ги лисјата рузмарин од гранчињата и исечкајте ги ситно. Измијте го и исчистете го зеленчукот. Пиперките и тиквичките исечкајте ги на парчиња, а празот на прстени. Испржете го месото, па извадете го на чинија и чувајте го топло. Потоа загрејте го маслиновото масло во длабока тава и испржете ги лукот и рузмаринот. Првин додајте ги пиперките и оставете да се крчка околу пет минути на среден оган. Потоа додајте го празот и оставете да крчка уште пет минути. Промешајте ги тиквичките и месото на крајот и така оставете го јадењето да крчка неколку минути. Додадете сол, исцедениот сок од портокал, па нека крчка додека не испари течноста. Послужете го топло.

Share
Scroll to Top