По шест години врска се венчаа Кирстен Данст и Џеси Племонс

По шест години врска се венчаа Кирстен Данст и Џеси Племонс

пред 2 години

По шест години врска се венчаа глумицата Кирстен Данст и нејзиниот колега Џеси Племонс. Двајцата се во врска од 2016 година и имаат две деца. Се венчаа во луксузното одморалиште GoldenEye во Охо Риос на Јамајка викендов, а веста ја потврди портпаролот, пренесе The Cut.

dobivaj vesti na viber

Се запознаа на снимањето на серијата „Фарго“, во која глумеа како двојка, а не излегуваа сè до завршувањето на серијата во 2016. Се свршија година дена подоцна.

Заедно глумеа и во драмата на „Нетфликс“, Power of the dog од 2021 година, во која глумеа маж и жена, а двајцата беа номинирани и за Оскар.

Глумецот ја нарече Кристен дека му е жена уште на Оскарите оваа година. Џеси на почетокот на годината раскажа дека глобалната пандемија и нивните две мали деца им ги отежнале плановите за венчавката, а сега, седум месеци подоцна, се венчаа.

Share
Scroll to Top