Пинтерест е првата мрежа која блокира реклами за слабеење

Пинтерест е првата мрежа која блокира реклами за слабеење

пред 3 години

Социјалната мрежа Пинтерест од 1 јули забранува реклами за слабеење. Нивната нова политика забранува рекламирање со текст или фотографии што идеализираат или оцрнуваат одредени типови на тела.

Компанијата вели дека рекламите што промовираат здрав начин на живот и фитнес услуги и производи ќе бидат дозволени сè додека не се фокусираат на слабеење.

„Пинтерест е место каде луѓето доаѓаат за инспирација. Секој припаѓа таму, без оглед на формата на телото или големината“, стои во нивното соопштение.

Компанијата ја сменија својата политика врз база на упатствата на Националното здружение за нарушувања во исхраната, кое на почетокот на пандемијата со Ковид-19 почна да бележи зголемена активност на нивната линија за помош.

„Националното здружение на нарушувања во исхраната го поздравува потегот на Пинтерест. Тие станаа првата платформа која стави забрана на сите реклами што поттикнуваат и/или повикуваат на губење на тежината“, рече Елизабет Томпсон, извршен директор на Асоцијацијата.

„Ова е неопходен чекор за да се стави приоритет на менталното здравје и благосостојба на корисниците на Пинтерест, особено оние погодени од културата на јадење, непријатност на телото и нарушувања во исхраната“, додава таа.

Share
Scroll to Top