Пипа Мидлтон третпат ќе стане мајка

Пипа Мидлтон третпат ќе стане мајка

пред 4 години

Помалата сестра на Кејт Мидлтон, Пипа, е бремена со своето трето дете. Таа и сопругот Џејмс Метјус ги имаат синот Артур (3) и ќерката Грејс (1).

dobivaj vesti na viber

Пипа е во поодмината бременост, а јавноста дозна дека чека бебе кога се појави на концертот во чест на кралицата Елизабета пред Бакингемската палата. Друштво на концертот ѝ правеа сопругот, братот Џејмс со сопругата Ализи и нивните родители, Керол и Мајкл Мидлтон.

Пипа и Џејмс се венчаа 2017 година, а тогаш до олтарот ја испратија нејзините внуци, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

 

Share
Scroll to Top