Американскиот рапер Шон Комбс, познат како Пи Диди, преку својата хуманитарна организација им помогна на 200 семејства финансиски погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој преку фондација „Шон Комбс“ им помага на луѓе кои живеат во Мајами и ги плаќа нивните комунални услуги. На тој начин, овие семејства нема да имаат проблеми и да ги загубат своите домови, пишува магазинот „Пипл“.
Освен ова, Диди реши донира пари на сиромашни луѓе за да ги задоволат секојдневните потреби, како што се храна и хигиенски производи.
Тој соработуваше и со TEES, организација која има за цел да ги охрабри младите да водат продуктивен начин на живот, да бидат финансиски стабилни и да не паѓаат под лошото влијание на проблематичните врсници. Диди организираше хуманитарна акција лани во април и собра 3,4 милиони долари, а парите беа пренасочени кон непрофитната хуманитарна организација Direct Relief, која донира медицински средства на сиромашното население.