Планински лав бил виден во близина на вилите на глумецот Бред Пит, американската водителка Опра Винфри, пејачката Аријана Гранде и поранешната кралска двојка Хари и Меган.
Поради опасност од диви животни во Калифорнија, куќите на славните личности постојано се заклучени. Имотот на Хари и Меган се наоаѓа во Монтецита и вреди 14,6 милиони долари.
Вилата е вистински рај и место каде Хари и Меган може да одморат од јавноста. Но, сега имаат проблем со дивите животни, рекоа извори блиски до поранешната кралска двојка.
Безбедносните камери го снимиле лавот како се шета во близина на нивниот дом и домот на уште неколку славни личности кои живеат до нив. Властите ги предупредија сите да внимаваат и да ги заклучуваат домовите, пренесе Mirror.
Според снимката од безбедносните камери, лавот е виден на оддалеченост од 8 километри од домот на Хари и Меган, на влезот на друг имот. Хари и Меган се загрижени за безбедноста на животните кои ги чуваат во дворот. Тие на имотот имаат кучиња, но чуваат и кокошки.
Кокошките особено го привлекуваат лавот и се лесен плен. Експертите тврдат дека лавот е во потрага по храна и вода и дека сушата во Калифорнија го натерала да се сокрие на ова место.
Фактот што ги имаме безбедносните снимки покажува дека жителите сериозно ја сфаќаат ситуацијата бидејќи ги поставија камерите како што им препорачавме.
Сакаме сите локални жители да ги обезбедат своите домови, кокошарниците и сите други животни што ги имаат. Апелираме и до жителите да си го обезбедат ѓубрето за животните да не можат да бараат ѓубре, да имаат ноќно осветлување, аларми, камери и слично“, рече извршната директорка на Монтесито, Шерон Брн.
„Планинските лавови се осамени суштества и не сакаат да бидат во близина на луѓето, па се надеваме дека и овој лав ќе продолжи и ќе го одмине ова место“, додаде таа.
За потсетување, Хари и Меган се преселија од Велика Британија, прво во Канада, а потоа и во Калифорнија. За тоа време на пандемијата купија и одгледуваат кокошки, а имаат и две кучиња спасувачи, кои лавот може да ги види како потенцијален плен.
Еден од нивните соседи за британски „Сан“ рече дека во соседството има многу диви животни, како којоти, мечки и елени, но ретко е да се види планински лав.