Платнените маски не штитат од делта сојот, тврдат експертите

Платнените маски не штитат од делта сојот, тврдат експертите

пред 3 години

Мајкл Остерхолм, кој е директор на Центарот за истражување и политика на заразни болести на Универзитетот во Минесота, тврди дека платетните маски и марами не се толку ефикасни во заштитата од вирусот, за разлика од маските N95 кои се многу подобра опција.

„Мораме да зборуваме за тоа како подобро да се заштитиме со маски. Мора да зборуваме за Н95 маските кои би можеле да направат многу за невакцинираните и за оние кои претходно не се заразиле“, изјавил Остерхолм.

Центарот за контрола и превенција на болести наведе дека платнените маски овозможуваат одредена доза заштита, но дека нивната ефикасност зависи од видот на ткаенина, бројот на слоеви и колку правилно одговара на лицето.

Експертите кои работат во центарот постојано ги проучуваат овие фактори. Според досегашните студии, платнените маски кои имаат повеќе слоеви штитат подобро отколку еднослојните маски, кои во некои ситуации може да филтрираат околу 50 проценти од фините честички.

Скот Готлиб, поранешен комесар на Агенцијата за храна и лекови, го дели истото мислење со Остерхолм. Тој минатиот месец изјави дека е потребна квалитетна маска за заштита од заразните соеви, каква што е делта варијантата.

Share
Scroll to Top