„Убава жена“ требал да заврши мрачно, романтичниот филм оригинално имал поинаков крај

„Убава жена“ требал да заврши мрачно, романтичниот филм оригинално имал поинаков крај

пред 3 години

Иако е снимен во 1990 година, „Убава жена“ за многумина и денес е еден од омилените романтични филмови. Но, приказната што го воодушеви светот, требала да има поинаков крај и да биде мрачна и тажна. Ова го откри глумицата Патриша Аркет, која била на аудиција за улогата на проститутката Вивиен. Филмот требал да заврши така што на крајот, Едвард (Ричард Гир) ја турка Вивиен (Џулија Робертс) од колата, ѝ ги фрла парите и ја остава во некоја мрачна уличка.

„Тоа беше многу мрачен филм и крајот беше тежок и тажен“, рекла  Аркет во интервју за „Варајати“.

По неа и Џулија Робертс ја потврди приказната, но вели дека ќе се откажела од снимањето на филмот што ја прослави, ако продуцентите не прифателе да го сменат крајот. Откако проектот го презеде „Тачстоун пикчрс“, тие го смениле сценариото во приказна со среќен крај.

Малкумина знаат дека филмот оригинално се викал „3.000“, односно сумата која ја добива проститутката Вивиен од милијардерот Едвард за да му биде придружничка. Ликот на Вивиен во таа верзија е опишан како зависник од дрога, но потоа ова е исфрлено од сценариото.

 

Share
Scroll to Top