Филмот „Топ Ган: Маверик“, продолжува да освојува престижни награди, а на светските благајни заработи повеќе од милијарда долари. Ѕвездата на филмот, Том Круз, сега за прв пат проговори за нова средба со својот колега Вал Килмер, со кој работеше и на оригиналната продукција пред повеќе од триесет години.
„Беше многу емотивно. Го познавам Вал со децении“, рече Круз во емисијата Jimmy Kimmel Live. „Тој е толку моќен актер и во еден миг повторно стана тој лик… Го гледате Ајсмен“, додаде тој. Запрашан како поминало снимањето на сцената со него, Круз призна дека плачел.
„Плачев, бев емотивен. Тој е толку брилијантен актер и ја сакам неговата работа“, рече тој.
На Килмер му беше дијагностициран рак на грлото во 2015 година и оттогаш јавноста ретко го гледа на големото платно. Иако успеа да се врати на улогата во „Топ Ган“, за време на снимањето се соочувал со бројни проблеми.