Плаќаат по неколку милиони долари за да патуваат во вселената со леталото на Безос

Плаќаат по неколку милиони долари за да патуваат во вселената со леталото на Безос

пред 4 години

Компанијата на милијардерот Џеф Безос примила повеќе од 5200 понуди од 136 различни земји за место во неговото летало со кое може да се патува во вселената.

Неговата приватна ракетна компанија Blue Origin, објавила дека во моментов најголемата понуда за место во вселенското летало Њу Шепард, изнесува 2,4 милиони долари. Понудата за место во леталото, била дадена на наддавање, со почетна цена од 1,4 милиони долари.

Наддавањето ќе трае до 10. јуни и ќе заврши на 12. јуни со онлајн аукција која ќе се прикажува во живо. Ракетната компанија на 20. јули ќе го направи првиот лет на разгледување.

Од компанијата велат дека се надеваат дека ова ќе биде пресвртница со која ќе се почне една нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата „Њу Шепард“ е дизајнирана за шест патници и таа може да полета и повеќе од 100 километри над Земјината површина.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top