Победникот на „Гранд“ сними песна кај Дарко Димитров и се пофали дека била многу добра

Победникот на „Гранд“ сними песна кај Дарко Димитров и се пофали дека била многу добра

пред 3 години

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Махир Мулалиќ, е во Скопје и со Дарко Димитров ја снима неговата прва песна. Махир објави фотка од студиото на Дарко и се пофали дека спремаат нешто многу добро.

„Песната е на Бане Опачиќ и се вика ‘Ѓердан’. Јас го правам аранжманот. Веќе сме при крај и мислам дека песната ќе има промоција до крајот на месецот“, рече Дарко за „Репортер“.

Ова е прва песна на Махир, кој пред неколку месеци победи во „Ѕвездите на Гранд“. Тој важеше за еден од фаворитите, но се откажа од натпреварувањето откако неговата мајка почина од корона во април. Махир подоцна реши да се врати во шоуто и на крајот победи. Ментор во “Гранд“ му беше Марија Шерифовиќ.

 

 

Share
Scroll to Top