Погачи од лиснато тесто, готови за 30 минути

Погачи од лиснато тесто, готови за 30 минути

пред 2 години

Погачите од лиснато тесто се брз оброк, кој ќе ги воодушеви сите генерации. Тој може да биде одличен појадок, ручек или вечера.

Состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 150 грама шунка
  • 150 грама рендано сирење
  • 1 жолчка од јајце
  • растително масло за печење

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Лиснатото тесто развлечете го на дебелина од околу половина сантиметар, и со нож или машина за пица поделете го на коцки со иста големина.
  3. Во средината на секоја коцка ставете малку сирење и шунка.
  4. Спротивните краеви на коцката превиткајте ги на половина за да добиете триаголник. Краевите на погачите притиснете ги со вилушка за да не истечат состојките при печењето.
  5. Направете смеса од жолчки и малку вода и со неа премачкајте го горниот дел од погачата.
  6. Погачите префрлете ги во подмачкан плех и ставете ги да се печат во рерна околу 15 минути или додека лиснатото тесто не порумени и не добие убава златно-жолта боја.
  7. Послужете ги топли со вашиот омилен сос.

Share
Scroll to Top