Вчеравечер во Струга, свечено беа отворени по 62. пат Струшките вечери на поезијата. И повторно во полн сјај како сведок за визијата на големите македонски автори, кои со децении ја збогатуваат македонската култура.
„Струшките вечери на поезијата не се само славење на зборовите, ова поетско рандеву е потврда на душата на човештвото. Нашиот ценет лауреат, академик Влада Урошевиќ, не потсетува дека улогата на поезијата се протега и надвор од стиховите. Тоа зборува за нашата колективна совест и ја предизвикува монотонијата на светот кој се повеќе се потпира на алгоритми и вештачка интелигенција“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Во оваа дигитална ера, најмоќните зборови честопати се оние што доаѓаат од душата. Иако вештачката интелигенција може да пишува песна, таа никогаш не може да ги долови длабоките тишини кои често кажуваат сè, е само дел од приказната за градот на поезијата кој вчера повторно ја оживеа мисијата на браќата Миладиновци за зачувување на поетскиот збор.
Фото: Фејсбук