Познатата глумица Бирче Акалај бара донации од ковчези, откако бројот на загинати надмина 20 илјади

Потребни ни се ковчези за починатите, ве молам слушнете го нашиот глас: последната објава на позната турска актерка Бирче Акалај ја доближи болката со која се соочуваат

пред 2 години

По катастрофалниот земјотрес во Турција, во кој до сега има преку 20 илјади жртви, познатата глумица Бирче Акалај побара донации од ковчези за семејствата да можат да ги закопаат своите починати. Таа вели дека ѝ е тешко што мора да напише ваква порака, но на турскиот народ му е потребна помошта од цел свет.

„Пишувам, пишувам и бришам, зашто не знам како да го напишам ова. Секогаш ги делиме заедно најважните потреби. Сепак, меѓу работите што ни се најпотребни се ковчези. На нашиот народ итно му требаат ковчези за своите починати. Ве молиме послушајте го нашиот глас“, напиша Бирче.

Глумицата е една од многуте кои од првиот ден по земјотресот се вклучија во хуманитарни акции за да му помогнат на населението. Таа преку социјалните мрежи испраќаше апели за помош, и им помагаше на луѓе да ги најдат своите блиски за кои немаа информации.

Меѓу оние кои помогнаа се и глумецот Ибрахим Челикол, кој испрати три камиони и 15 комбиња со помош во градот Хатај, и актерот Кивач Татлитуг кој донираше 9.800 евра. Фудбалерот Мерих Демирал освен што донираше 50 илјади евра, на хуманитарна аукција ги продава своите највердни дресови, од Роналдо, Дибала и Бонучи, а парите ќе ги донира за настраданите.

Три камиони и 15 комбиња помош од Ибрахим Челикол за настраданите од Турција

Share
Scroll to Top