Позната американска водителка среде емисија доживеала мозочен удар

Позната американска водителка среде емисија доживеала мозочен удар

пред 3 години

Познатата американска водителка, 56. годишната Венди Вилијамс, според последните пишувања на магазинот Globe, пред неколку дена претрпела мозочен удар, за време на водењето на нејзината емисија.

Контроверзната водителка ги загрижи фановите, кога на социјалните мрежи се појавија фотографии од нејзините потечени стапала.

Сите биле убедени дека сликите се резултат на прогресивното отекување на меѓуклеточното ткиво, симптоми кои ги забележала камерата, а кои се поврзауваат со еден вид на мозочен удар.

Како што пренесува таблоидот, во емисијата која била прикажана на 23. ноември, водителката додека разговарала со пејачката Адел, имала потешкотии во изговарање на поедини зборови, како и одржување со концентрацијата. Делувало како да ја губела свеста во неколку наврати.

Засега Венди се нема огласено по повод ваквите гласини, а нејзината состојба ја анализирал неименуван лекар, кој изјавил дека станувало збор за минлив исхемички напд, познат како TIA, што претставува еден вид на мозочен удар.

Според зборовите на медицинскиот експерт, ако ваквата состојба не се третира, истатата би можела да придонесе до вистински мозочен удар, со кој мозокот ќе престане да работи, а телото ќе биде парализирано. Во некои од случаите ваквите испади резултираат и со смрт, вели тој.

Иако нејзиното цик-цак движење и неможноста за правилно да ги изговори некои зборови, како што е љубомора, па дури и името на самите пејачи, некои од фановите го протолкуваа како еден вид на мозочен удар.

Таблоидот Gossip Cop напоменува дека Венди и претходно имала слични сцени во текот на водењето на емисијата, а истите биле резултат на нејзината долгогодишна борба со алкохолизмот.

Share
Scroll to Top