Познатиот водител Карл Сејган уште во осумдесетите со картон и стапчиња докажал дека земјата е тркалезна

Познатиот водител Карл Сејган уште во осумдесетите со картон и стапчиња докажал дека земјата е тркалезна

пред 3 години

Познатиот водител Карл Сејган, уште во осумдесетите со картон и стапчиња докажал дека земјата е тркалезна. Сејган станал познат како водител во научната серија „Космос“ во 1980 година.

Серијата доби во 2014 година нова верзија со водителот Нил Деграс Тајсон. Сејган со помош на степче и картонска кутија успеал да ги побие сите теории дека Земјата е рамна плоча.

Тој забодел стапче над картонската кутија во градовите Сиена и Александррија.

„Како може, во ист момент, стапчето во Сиена да не фрла сенка, како стапчето во Александрија кој е 800 километри оддалечен на север. Ова е можно само ако Земјата е тркалезна“, изјавил Сејган.

Колку е поголемо заоблувањето, толку е поголема разлиакта во должината на сенките, објаснува тој. Ератостен успеал да пресмета дека Земјата се заоблува за седум степени, користејќи го растојанието помеѓу двата града и должината на сенките кои тие ги правеле.

Тој успеал да го пресмета обемот на планетата со податоци и методи кои се користеле и пред повеќе од 2.000 години.

Во последниве години сè повеќе луѓе да веруваат дека Земјата е рамна. Едно неодамнешно истражување на „Југов“, спроведено на над 8.000 Американци, открило дека секој шести човек не е сигурен дека Земјата има облик на сфера.

Share
Scroll to Top