Познатиот економист Нуриел Рубини, познат и како доктор Пропаст смета дека вложувањето во биткоин би можело да биде катастрофална одлука.
Во неговиот авторски текст објавен во „Фајненшл тајмс“, истакнатиот американски економист и нобеловец поради неговите песимистички ставови, остро го критикуваше биткоинот и влијанието врз околината.
„Бидејќи основната вредност на биткоинот е нула и би била негативна доколку се примени соодветен данок за неговото производство, кое предизвикува масовно загадување на животната средина, предвидувам дека сегашниот меур на крајот ќе пукне, и сè ќе заврши како уште една пропаст“, напишал Рубини.
Тој смета дека со копањето и обработкатата на крипто-валутите и се наштетува на животната средина и дека постојат докази што ги поткрепуваат ваквите негови тврдења.
Според сегашните проценки, копањето со биткоин троши иста количина на енергија секоја година како што ја потрошила цела Холандија во 2019 година, според податоците на Универзитетот во Кембриџ и Меѓународната агенција за енергија.
Рубини верува дека биткоинот „не е единица на сметка“, „не е скаларно платежно средство“ и „не е стабилно складирање на вредност“. Наместо тоа, тој тврди, тоа е шема за испумпување и испуштање, каде што стравот од неуспех ги наведува инвеститорите да шпекулираат за растечкиот меур.
Тој се осврна и на најавите на Илон Маск, дека со неговата компанија „Тесла“ планираат да ги користат биткоините во иднина, како би ги продавале нивните автомобили на струја преку оваа криптовалута.
„Елон Маск и Мајкл Сејлор можат да ја инвестираат својата куќа обложувајќи се на биткоин. Тоа не значи дека треба да го сторите истото“, смета Рубини.
Извор/Курир.рс