Познатиот моден бренд „Баленсијага“ продава чанти што изгледаат како кеси за ѓубре и чинат 1.790 долари

Познатиот моден бренд „Баленсијага“ продава чанти што изгледаат како кеси за ѓубре и чинат 1.790 долари

пред 2 години

Модниот бренд „Беленсијага“ ја претстави својата нова колекција на чанти кои изгледаат како кеси за ѓубре. Ваквиот моден хит чини 1.790 долари или околу 110.000 денари.

Чантите за ѓубре првпат беа промовирани оваа година во март како дел од колекцијата есен/зима.

Според официјалната веб-страница на „Баленсијага“, производот е инспириран од кеса ѓубре.

Чантите може да се купат во три различни бои, црна, сина и бела.

Дизајнерот на „Беленсијага“, Домна Гвасалија, даде коментар на прашањето зошто е направена ваква чанта.

„Не можев да ја испуштам можноста да ја направам најскапата кеса за отпадоци на светот, бидејќи кој не сака моден скандал“, изјавила Гвасалија.

Кога беа објавени фотографиите од чантите за ѓубре, на на социјалните мрежите станаа хит, па дел од коментарите се дека дизјанерката има морбиден социјален експеримент, или дека луксузната мода во моментов е голема шега.

 

Ова не е првиот моден бренд кој лансираше вакви чанти. Во 2017 година, шпанскиот бренд „BIIS“ објави чанти инспирирани од кеси за ѓубре.

Share
Scroll to Top