Полат од „Долина на волците“ осуден на 12 години затвор

пред 3 години

Глумецот Нечати Сасмаз, кого публиката го знае по улогата на Полат Алемдар од серијата „Долина на волците“, е осуден на 12 години затвор. Судот во Турција го осуди бидејќи тој во бракоразводната постапка приложил аудио-снимки од апликацијата „Ватсап“ од телефонот на неговата жена, а кои ги добил неовластено.

Бидејќи долго време биле во процес на развод, Нечати ги искористил аудио-снимките да докаже дека сопругата Нагехан го изневерила. Но таа го тужела него за хакерски напад и новластено објавување лични податоци. Судот пресудил во нејзина полза, бидејќи повредата на приватноста и хакирањето на социјалните мрежи, како и објавувањето приватни информации, според турскиот закон е сериозно кривично дело.

Актерот има право на жалба, но според турските медиуми, таа најверојатно ќе биде одбиена, па тој ќе мора да ги отслужи 12. години во затвор.

Share
Scroll to Top